По 6 години откако беше притворен и затворен, по настаните во Собранието на 27 април, Јане Ченто за првпат излезе на слобода, иако само на слободен викенд.
Јане Ченто го пречекаа голем број негови пријатели од Прилеп за барем на кратко да помуабетат.
На викенд излезе и Вилијам Михајловски кој на својот Фејсбук профил објави фотографија со баба му и напиша дека таа го дочекала да го види и ќе го дочека и кога конечно ќе излезе на слобода.