„Сметајте на мојата оставка, ја имате на маса, тоа отвора простор за технички разговори, разговарав со Милош Вучевиќ, верувам дека излезот од кризата се парламентарни избори до крајот на годината, оставам на претседателот да донесе таква одлука“, рече српската премиерка Ана Брнабиќ.
„Како премиер и кажав на јавноста дека сум подготвена да поднесам оставка во секој момент, најголема чест ми е да ги извршувам обврските, најголема среќа ми е што имав можност да работам за мојата земја“, изјави Брнабиќ.
Таа рече дека не мисли дека се што направиле било совршено, дека морале да донесат некои одлуки за краток период, но смета дека резултатите се несомнени, јасни и дека Србија никогаш не напредувала на ваков начин.
„Едно од моите наследства е електронската администрација, кога станав министер за државна администрација имавме дури и регистри во хартиена форма. Дигитализација во која тогаш веруваше само Вучиќ, ретко кој од политичарите, ниту еден од политичарите во опозицијата. Не беше се совршено, но дадовме се од себе и мислам дека имаме резултати со кои секој од нас и нашите граѓани може да се гордееме“, рече таа.
Како што нагласи, монструозните злосторства што се случија ги шокирале, погодиле и длабоко ги смениле.
„Мислам дека оваа земја и секој од нас поединечно никогаш нема да биде иста после вакви трагедии. Сакам уште еднаш да изразам најдлабоко сочувство до семејствата. Како Влада, се обидовме заедно со претседателот, како и секогаш, веднаш да донесеме одредени мерки за да ја направиме нашата земја побезбедна, за да воспоставиме побезбедно општество на долг рок“, рече таа.