Разрешениот директор на Клиниката за кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев во емисијата „Стадион“ на Канал 77, истакна дека никогаш не му било нудено да биде министер за здравство, но ако тоа се случи со задоволство ќе го стави целиот свој капацитет на располагање и би сакал тоа да биде.
-Не ми е никогаш нудено да бидам министер за здравство, но ако тоа се случи со задоволство ќе го ставам цел свој капацитет на располагање. Значи да, би сакал, рече Јовев.
Кардиохирургот потсети дека преговарал две деценииза формирањето на државната кардиохирургија пред и официјално да биде формирана.
Опозицијата денеска побара од министерот Фатмир Меџити, веќе ако го разрешува Јовев, да го разреши и организациониот директор на клиниката.