Индискиот премиер Нарендра Моди рече дека критиките за позицијата на Индија за улогата на Русија во Украина не се општо прифатени во САД.

Прашан во интервју за „Вол Стрит Журнал“ за критичките коментари во САД дека Индија не зазема поостар став за руската инвазија на Украина, Моди рече: „Не мислам дека таа перцепција е широко прифатена во САД“.

„Позицијата на Индија е многу добро позната и разбрана од целиот свет. Светот верува дека мирот е главен приоритет на Индија“, додаде Моди.

Индија ја подигна трговската размена со Русија на рекордно ниво

Моди денеска замина во посета на САД, што треба да биде пресвртница во билатералните односи, со фокус на зајакнување на соработката во одбраната и високата технологија.