Полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера околу 21.00 часот, во атарот на село Пласница,  ги лишиле од слобода М.Б.(34), М.Р.(41) и Џ.Џ.(64), сите од селото Пласница.

Тие биле затекнати како со возило „фолксваген венто“ превезуваат огревни дрва без документација.

Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе следува соодветна пријава.