БЕЛАТА КУЌА: Бајден со серија телефонски разговори со западни лидери за кризата во Русија

/ 24.06.2023

Американскиот претседател Џо Бајден денеска разговараше за кризата во Русија со челниците на Франција, Германија и Велика Британија, потврдувајќи ја цврстата поддршка на сојузниците за Украина.

Според соопштението од Белата куќа, Бајден телефонски разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и премиерот на Велика Британија Риши Сунак за „ситуацијата во Русија“.

Лидерите „ја потврдија својата непоколеблива поддршка за Украина“, се додава во соопштението на Белата куќа.

Портпаролот на Белата куќа, исто така, рече дека Бајден и потпретседателката Камала Харис биле информирани од нивниот тим за национална безбедност за руската криза и дека ќе продолжат да бидат информирани во текот на денот.


Од истата категорија