Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва се обрати по повод настаните во Русија и побара од западот оружје оти сега, како што рече, е вистински момент за тоа, со оглед на хаосот во Русија.
– За еден ден, тие изгубија неколку од нивните милионски градови и им покажаа на сите руски бандити, платеници, олигарси и на кој било друг колку е лесно да се заробат руските градови и, веројатно, арсеналите со оружје, порача Зеленски.
Украинскиот претседател испрати порака и до руските власти:
– Колку подолго ќе останат вашите војници во украинската земја, толку повеќе уништување ќе донесат за Русија. Колку подолго таа личност е во Кремљ, толку повеќе ќе има катастрофи, порача Зеленски, алудирајќи на рускиот претседател, Владимир Путин.
Видеото може да го отворите ТУКА.