„Пригожин ќе замине во Белорусија, а обвиненијата против него ќе бидат отфрлени со цел да се спречи крвопролевање“, објавија руските медиуми.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека кривичната постапка против водачот на групата „Вагнер“ ќе биде повлечена.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) покрена кривична постапка против водачот на групата „Вагнер“ Евгениј Пригожин поради повикување на вооружен бунт.

Песков ова  им го рече на новинарите – откако белорускиот претседател Александар Лукашенко постигна договор со Пригожин да се откаже од  нападот  на Москва додавајќи дека не знае каде се наога водачот на „Вагнер“ во моментов.

Инаку, рече Песков, самиот Лукашенко предложил да разговараат со Пригожин бидејќи се познаваат долго време.

Портпаролот на Кремљ исто така рече дека оние „вагнеровци“ кои одбиле да одат во Москва со Пригожин ќе можат да потпишат договори со Министерството за одбрана на Руската Федерација, како и дека државата нема да ги гони „вагнеровците“ заради нивните заслуги. кои ги добија за време на Специјалната воена операција во Украина.

Она што се случи денеска нема да влијае на Специјалната воена операција, таа продолжува според планираното, рече Песков.

Бидејќи кадровските промени во Министерството за одбрана беа едно од барањата на Пригожин, Песков рече дека тоа прашање е во надлежност на претседателот на Руската Федерација и дека за нив не можело  да се разговара за време на преговорите Лукашенко-Пригожин.

Песков рече и дека Путин има целосна доверба во министерот за одбрана Сергеј Шојгу.