Наоми Кембел на 53 години роди син. Манекенка веста ја објави на Инстаграм и напиша дека „никогаш не е доцна да станеш мајка“. На фотографијата Наоми го држи својот син, додека нејзината двегодишна ќерка го држи за рака. „Вистински дар од Бога, благословена сум! Добредојде машко бебе. Никогаш не е доцна да се биде мајка“, напишала таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr Naomi Campbell (@naomi)

Во мај 2021 година, таа роди ќерка, нејзиното прво дете. Потоа позираше за Vogue со малото девојче и рече дека многу малку луѓе од нејзиниот круг на пријатели и членови на семејството знаеле дека таа планира да стане мајка.

“Моето девојче не е посвоено. Таа е мое дете. На прстите од едната рака можам да избројам колку луѓе го знаеле тоа. Таа е мојот најголем благослов и најдоброто нешто што ми се случило”, изјавила Наоми за Vogue. Имено, откако манекенката објави дека станала мајка, многумина се изненадиле. Претходно не навестила дека чека бебе, ниту пак се знае дали е во врска.

Медиумите шпекулираат дека Наоми користела сурогат мајка за двете деца, иако тоа никогаш не го потврдила.