Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Општина Штип и увид во отворањето на кино во Општина Штип во рамки на акцијата
„Ова е Македонија за сите“ одговарајќи на новинарско прашање за негов коментар околу тоа што министерот за здравство го нарекол шоумен пациентот со цистична фиброза што барал помош за својата ситуација, Мицкоски истакна дека срамно е тоа што го коментира министерот за здравство бидејќи тие луѓе се борат за живот за да преживеат.
Мицкоски потенцираше дека потребно е министерот за здравство да се фати со работа и да им помогне на пациентите, бидејќи тој е министер за здравство, а не е министер за циркус па да на тој начин ги коментира маките на луѓето кои се борат за живот.
„Навистина е срамно тоа што го коментира министерот за здравство, бидејќи тие луѓе се борат за живот за да преживеат. Јас имам еден совет до министерот за здравство, да си ги прибере луѓето кои ги има пуштено по веледрогериите и компаниите кои соработуваат со министерството за здравство и во негово име бараат провизија од тие веледрогерии и компании кои соработуваат со министерството за здравство, бидејќи идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ многу сериозно ќе се позанимава со овие индиции, а богами и докази со кои располагаме“, изјави Мицкоски.