На 08.07.2023 околу 00:30 часот од полициски службеници од СВР Тетово, при акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Тетово, по извршено мерење со уред „фонометар“ во два угостителски објекти е констатирано нарушување на јавниот ред и мир со пуштање на гласна музика, повеќе од законски дозволените граници.
Против лицата кои стопанисуваат со угостителските објекти се поднесени соодветни поднесоци.