Калчолигашот Интер откако остана без Ромелу Лукаку, е во потрага по други напаѓачи.
Според новинарот Џанлука Ди Марцио, на целната листа на „неро-азурите“ се Алваро Мората (Атлетико Мадрид), Мехди Тареми (Порто), Мбала Нзола (Специја) и Фоларин Балогун (Арсенал).
Токму дваесет и двегодишниот Балогун, раководството на Нероаѕурите го смета како приоритетна опција поради неговата возраст и потенцијалот.
Минатата сезона фудбалерот постигна 21 гол во Лига 1 настапувајќи за Ремс.