СДС ја има целата власт да ја раскине концесијата, исто како што ја споија, да престанат да го лажат народот, севели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ, по изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека СДСМ е против отворање на рудници во Струмичко.

Во продолжение целото соопштение од опозициската партија.

Исто како што ги споија концесиите за Иловица за потребите на ДУИ и Дестани, можат и да ги раскинат, суштината е тоа што СДС сака да манипулира, од една страна се договара со ДУИ, а од друга го манипулира народот.

Граѓаните од струмичко видоа дека СДС се лажни душегрижници. Владата на СДС гласаше за спојување на концесиите по налог на Бектеши и Алиilovica.

На прв план во СДС е бизнис интересот на ДУИ и ним блиските, затоа не се раскинати концесиите, ниту пак ќе ги раскинат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ