Американците ги ориентираат нашите граѓани со тоа што објавуваат лица како непожелни за САД, како што е последниот случај со градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко. Со тоа, тие велат дека во државата има криминал и тој криминал е кренат на ниво на градоначалници и во политичките субјекти. Тој е длабоко навлезен и се развива како метастаза и во владата и тоа е еден показател за кого граѓаните треба да гласаат. Американците не можат да донесат демократија тука, туку тие не ориентираат кон демократијата. Потенцирам уште еднаш, почетокот на разоткривањето и на нивниот крај започнува со црната листа или листата на непосакуваните на американскиот Стејт департмент, која почнува со Рамиз Мерко и на крај ќе заврши со секој функционер е замешан во курупција, без разлика да му припаѓа на таборот ДУИ, СДСМ или други, вели Фатмир Лимани во „За или против“ со Искра Коровешовска на телевизија Алфа, кој меѓу другото додаде дека крајот на ДУИ веќе започнал кога се тргна од програмските цели, кои во суштина беа во интерес на сите граѓани.

Во однос на тоа дека граѓаните и до сега го знаеле, а ДУИ сепак уште владее веќе дваесет години, Лимани вели дека до сега граѓаните не знаеле за вилите кои ги поседува Али Ахмети, не знаеле дека неговиот син вози порше, а неговата сопруга возило од марката БМВ и дека има високи партиски експоненти, како Фатмир Меџити кои не се согласуваат и веќе не ја поддржуваат веќе.

„Корупцијата и криминалот не беше разоткриен како сега. Пред пет години не се знаеше дека Али Ахмети има вили, дека неговиот син има порше, дека неговата сопруга има БМВ, дека вредноста на нивниот возен парк достигнува некаде околу еден милион евра. До вчера Албанците, но и Македонците мислеа дека тој е лидер кој не е замешан во овие коруптивни афери“, рече Лимани.