Откако Генералниот совет на ДУИ во неделата објави дека претседателот на партијата, Али Ахмети бил загрижен за создавање на хибриден политички-економски центар против партијата, новоизбраниот потпретседател на партијата Бујар Османи, кој е и актуелен министер за надворешни работи, вчера во емисијата „Клик плус“ на телевизијата „21“ ја прошири изјавата за тоа дека некој сака да и наштети на ДУИ, за која рече дека е парадигма за еднаквост во државата.

„Пред неколку месеци, некаде овде на периферијата на Скопје, се одржа средба меѓу некои македонски олигарси и политички лидери – сегашни и поранешни политички лидери, со аларм или сознанија дека Албанците добиваат повеќе отколку што заслужуваат или го укинуваат политичко-економскиот монопол на македонската заедница, и се согласија да создадат национален процес против албанска држава како што ја нарекуваат. ДУИ се поврзува како парадигма или синоним на таа етничка рамноправност, на таа позиција на Албанците“, изјави Османи во „Клик плус“ на телевизијата „21“.

Според ТВ Телма, ваквите изјави и ставови на раководството на ДУИ дека некој сака да и наштети и со тоа да наштети на етничката рамноправноств во државата, за дел од аналитичарите не е ништо нов. Според нив се работи за нов обид за менување на темата, поточно, поместување на дискусијата од темите за поврзаноста на највисокотот раководство на партијата и нејзини претставници за конкретни афери и сомнежи за афери поврзамни со корупција, непотизам, злоупотреба на положбата, на етнички теми.