Министерството за здравство на Република Македонија своите објави до јавноста почна да ги објавува прво на албански јазик, па потоа на македонски.

Loading…

На официјалниот Фејсбук профил на министерството е објавено соопштение со наслов „MSH asnjë qindarkë nuk ka paguar për ambulantët“, а дури потоа истото е преведено на македонски јазик, па ставен е наслов „МЗ нема исплатено ни денар за амбулантите“.

Министерството за здравство и министерот Фатмир Меџити треба да знаат дека на македонската јавност прво треба да се обратат на македонски јазик.

Ваков обид за објавување прво на албански јазик имаше и од страна на Беким Сали, кој праксата ја прекина по острите реакции од страна на јавноста.