Повеќе илегални мигранти се повредени вчера кога украденото комбе со кое бегале од црногорската полиција се превртело во селото Враце, на патот Плевље – Метаљка, соопшти црногорската полиција.

Еден од мигрантите е потешко повреден и задржан во болницата во Плевље. Во комбето, кое претходно го украле од жител на Плевље, имало десетина илегални мигранти, но не било утврдено кој од нив го возел.

По кражбата на комбето, полицијата веднаш тргнала во потрага и за кратко време дошла до информации каде се движи украденото возило.

– При обидот на полицијата да го стопира, возачот на комбето не застанал, а брзо потоа дошло до сообраќајната незгода, се наведува во соопштението.