Албанскиот премиер рече дека не верува оти во 2030 година Албанија ќе влезе во ЕУ и нагласи дека Европаската Унија треба повеќе да ги поддржува земјите од Западен Балкан, а не само да критикува.

– Не верувам дека во 2030 година ќе бидеме во ЕУ. Земјите кои влегуваат на патот на ЕУ до моментот кога ќе станат членки, не само што треба да имаат реформи и критики, кои се неопходни, туку да имаат и поддршка. Не велам од финансиска гледна точка, туку и од нашиот пристап до заедничкиот пазар за нашите претпријатија, рече Рама.

Тој се пошегува на панел дискусијата во Блед:

– Со овој панел како автобус трагично сум пооптимист. Иако е подобар од руски авион, рече албанскиот премиер.

Наспроти песимизмот на Рама, неговиот македонски колега Димитар Ковачевски е оптимист дека 2030 г. е остварлива цела за Македонија да стане членка на ЕУ.