Не треба опозицијата да бара изговори за чекање, ни треба да одиме напред што побргу, да станеме дел од ЕУ заедно со другите земји членки во 2030 година, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и вицепремиер, Бојан Маричиќ во „Клик плус“ на ТВ21.
-Не треба опозицијата да бара изговори за чекање дека може да добиеме подобар предлог или дека Бугарија ќе исполни нешто што не исполнила 20 години. Не треба ние да се врзуваме со чекори кои зависат од други. Нам не ни треба тоа. Нам ни треба да одиме напред што побрзо, сакаме во 2030 година да стоиме заедно со другите држави членки кои ќе влезат во ЕУ, рече Маричиќ.
Она што се продава од опозицијата, ние само да чекаме, ќе ја испразни државата од младите и ќе ја уништи надежта за ЕУ, додаде тој.
Маричиќ рече дека досега сме биле прегазувани од таквото чекање и станавме членка на НАТО 10 години подоцна од што требаше, а и ја испуштивме можноста да се приклучиме на ЕУ, откако заедно со Хрватска добивме кандидатски статус.
-Хрватска веќе 10 години е членка, нашите млади сега одат таму да работаат. Ние не сакаме пак да бидеме прегазени. Се обидуваме на ВМРО-ДПМНЕ да им објасниме дека политички ставови носат последици по сегашноста и иднината. Имаме доволно искуство изминативе 30 години што треба, а што не треба да правиме, рече Маричиќ.
Тој запраша како ќе им објасниме на младите кога во 2030 останатите држави ќе влезат во ЕУ дека Македонија не станува членка поради политички каприц на сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да не се ставаат неколку заедници во преамбулата?
Не смее опозицијата да остане партија на изолација, додаде тој.
-Ние во моментов се соочуваме со блокада на државата од внатре, ако досега сме имале блокади од надвор кои не биле соодветни во однос на нашата држава, сега имаме блокада која е од внатре. Ниту една политичка партија во државата не смее да дозволи да наместо биде политичка партија која сака да ја интегрира државата како што партијата на која јас и припаѓам и сите коалициони партнери во Владата се за интеграција на државата. Не смее нашата опозиција да остане опозиција на изолационизам, како што беше досега. Сметам дека имаме доволно време пред нас да го сменат своето мислење и да прв пат во историјата на државата поддржат одлука за интеграција. Сметам дека опозицијата треба да размисли добро и да го поддржи тој процес на евроспка интеграција на државата, рече Маричиќ.
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ го коментираше и писмото на Трајко Велјаноски објавено денеска.
Деловникот е многу јасен. Не сакам да дискридитирам никого, меѓутоа, Трајко Велјановски е човекот кој што многу често ги кршеше сите правила во Собранието, знаеме дека 6 месеци не дозволуваше да се формира ново парламентарно мнозинство, изобилува неговиот мандат со парламентарни инциденти. Не мислам дека е баш вистинскиот човек кој што може да даде оценка за деловникот или каков е деловникот, рече Маричиќ.