Колку треба да е безочен Ковачевски, за вака да лаже и да манипулира за скандалот со крадењето и трговијата со цитостатици на клиниката за онкологија. Овој криминал не е „мултикултурен“ како што вели Ковачевски, туку е директно поврзан со кадрите кои го раководат здравството и соодветната институција, кадри кои се негов избор или производ на неговиот коалициски пазар, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ковачевски свесно лаже дека допрва ќе воведуваат систем за следење на лековите и терапијата, а не кажува дека ист таков систем бил воведен во клиниката за Онкологија во 2016-та и истиот бил укинат и фрлен во подрум веднаш штом СДС ја добива власта и поставува свој кадар во клиниката. Сега е веќе јасно зошто бил исклучен системот за следење на терапијата, за терапијата да ја снемува, пациентите да се соочуваат со недостог или да примаат само физиолошки раствор, а ампулите кои чинат по илјадници евра да завршуваат на црниот пазар.
Ковачевски лаже, суши. Тој многу добро знае дека за состојбите на клиниката за онкологија знаеле менаџерскиот тим и министрите кои ги именувал. Сите тие вклучително и тој се одговорни за тоа како одредени пациенти мака мачат да ги добијат лековите кои за нив живот значат, додека за други ги имало под рака или ги добивале истите лекови кои бесплатно ги следат но на црн пазар.
Овој монструозен скандал е многу повеќе од обична корупција која ја практикува власта на Ковачевски. Овде се работи за крадење од болните кои се борат за ден повеќе живот. И Бог, но и народот ќе им судат. Одговорност и кривична, но и политичка ќе има“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.