Не само теренот кој беше во најлоша состојба, туку гнев на Италијанците пред стартот на средбата имаше и за химната на Италија. Ја испеа акапела Барбара Поповиќ, која учествуваше на јуниорска Евровизија во 2013-та, без музика и на непријателски стадион, кој ја свиреше од почеток до крај, пишува познатиот италијански магазин „Кориере дело Спорт“ за вчерашните случувања на стадионот во Скопје, каде Италија доживеа фијаско со историско реми од 1:1 против Македонија.
Накратко, одлуката химната да се пее акапела дефинитивно падна на испит“, завршува еминентниот италијански весник.
Италијанците на интернет за оваа пеење химна без музика коментираа: „Во Македонија музички сме во загуба“, „Оваа национална химна е многу караоке“,„Изборот да има националната химна е промашен дипломатски инцидент“…
Македонката, со охридско потекло по мајка-Барбара Поповиќ, ќерка на актуелната директорка на фестивалот Охридко лето – Наташа Поповоќ, на стадионот во Скопје пред натпреварот во фудбал помеѓу Македонија и Италија ги испеа двете химни на Македонија и Италија. Таа е дипломиран оперски пејач во класата на Весна Гиновска Илкоска. Ова е втор пат Поповиќ да пее на Стадион химни и тоа акапела.
Оперскиот пејач Благој Нацоски на Фејсбук раскажа како пријатели го преплавиле со прашањето за химната, но и за лошиот терен. Тој сепак смета дека ако теренот беше квалитетен Македонија ќе победеше.
-Да ви кажам право воопшто не ми е мило што синојќа пријатели и фанови од Италија ме преплавија со пораки од типот „Како е можно теренот за игра да е толку лош” или „Зарем немало подобар избор на пејач за пеење на двете химни”? Дури и италијанските весници да пишуваат повеќе за лошиот терен и за тоа дека „Македонците не ги бива за пеење” отколку за натпреварот. Мојот одговор е дека доколку теренот беше добар, Македонија ќе победеше. Напред Македонија“, напиша Нацоски.
Но, лошо испеаната химна не го засени скандалот со неодржуваниот терен. Вчера поранешниот премиер Никола Груевски јавно сподели видео велејќи дека СДСМ и ДУИ ниту тревата на стадионот не се способни да ја одржуваат. Ова ги поттикна реакциите во јавноста. Видеото кое Груевски го сподели е од „Италијан Фудбал Тв“.