Градски паркинг-Скопје соопшти дека од утре, 1 јуни, почнува летното сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ова јавно претпријатие.
Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде од понеделник до сабота од 7 до 23 часот.
– Им препорачуваме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно со наведеното работно време, со што би се спречило нивно казнување, соопшти Градски паркинг-Скопје.