Министерот за образование, Јетон Шаќири нема намера да му ги одземе ингеренциите на струшкиот градоначлалник Рамиз Мерко, поради незаконското поставување на директори во неколку основни училишта во Струга и струшко иако индиректно признава дека имало прекршувања на законот, пренесува „Алсат“ додавајќи дека Мерко добива уште една „шанса“ со распишувањето на нови пет огласи за директори.
Според нашите информации кои ги имаме во повеќе од пет училишта има нови постапки за избор на нови директори. Ако и во овие постапки за избор на нови директори, Просветен инспекторат утврди после сите насоки кои ги има добиено општината тогаш..Но и постапка за одземање на ингеренцитие подразбира взаемна соработка меѓу училиштето, раководството, општината, да може некој од внатре министерството да го назначи за директор, вели Шаќири.
Антикорупциска дури поднесе и кривична пријава против Мерко, за незаконското поставување на директор во училиштето во селото Велешта. Тоа значи дека за вас одлуките на Антикорупциска на Обивнителство немаат тежина?, го прашаа новинарите.
Немате конечни одлуки, имате препораки. Знаете дека ДКСК ги дава препораките во Обвинителство. Немате затворени предмети, вели Шаќири.
Од Основното јавно обвинителство велат дека предметите се во предистражна постапка и оти ОЈО Струга презема дејствија и обезбедува докази неопходни за проверка на наводите. Од Алијанса за Албанците бараа на Мерко да му се одземат ингеренциите за именување на директори, откако Антикорупциска, но и поранешен инспектор за образование утврдија дека во училиштата во Велешта, Подгорци, Лабуништа, Радолишта и во основното училиште Браќа Миладиновци во Струга биле поставени директори кои не ги исполнувале условите за да бидат избрани. За самоволието да биде уште поголемо, Мерко истите овие директори ги избрал и по втор пат.
Во истовреме, заменик министерот за образование, Агим Нухиу во интервју на „Алсат“ се закани со кривични пријави за директорите на гимназиите, како и кон градоначалниците на Гази Баба и во Велес.
Размислуваме да ги користиме инструментите од кривична и правна природа. Токму членот 137 од Кривичниот законик што го санкционира прашањето на еднаквост и недискриминација. Секој градоначалник, вклучително и оној на Гази Баба, кога ќе биде обвинет за кривично дело, кога ќе му бидат ставени лисици за ова кривично дело, дали знаете дека е казниво кривично дело, од 6 месеци до 5 години затвор, рече тој зборувајќи за проблемот кој министерството го наметна во велешката гимназија, каде за да отвори уште една албанска паралелка испрати допис со барање да се намалат поените потребни за упис.
Шаќири, пак, се закани дека ќе ги одземе ингеренциите за поставување на директори од градоначалниците.