Тоа се редовни средби со луѓе од партијата и од минатите, но и од сегашните раководства и тоа е пракса во изминатиов период, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со средбата кој ја оствари со Гордана Јанкуловска. Според него, Јанкуловска е жртва на политички терор и тортура, кои, како што рече, се правени врз нејзиното семејство.

-Вчера беше ден кога таа доби заслужен викенд. Ќе ми биде чест и некој нареден викенд да имам средба. Сите оние жртви на тортура и политички реваншизам од страна на владата на СДСМ и ДУИ се добродојдени – рече Мицкоски.

Во однос на критиките за минатото и работата на Јанкуловска, тој настапи со критики за владечката гарнитура и за луѓето поврзани со неа.

-Исто многу работи слушевме во минатото и многу работи слушаме и денеска како на пример семејства на политичари кои се водечки во Владата, внуци, роднини и братучеди се возат со скапи возила. Купуваат локали во центарот, како ја пљачкосуваат Македонија, тоа е жалосно, а тоа што се случувало во минатото…, ВМРО ДПМНЕ е шеста година во опозиција.

Но, јас повеќе би сакал да разговарам тоа што се случува денеска и би сакал да разговарам како денеска 25 годишно момче има 35 милионски имот во Скопје во центарот, да разговарам како сватови на моќен политичар возат скапи возило, како се потрошија 200 милиони евра, а лопата не се фрли. Тоа е сегашност, тоа што било во минатото ВМРО-ДПМНЕ е 6 години во опозиција и според анкетите ВМРО-ДПМНЕ е блиску до мнозинство во следниот состав. Верувајте дека за сето ова што го зборувам ќе има одговори – рече Мицкоски.