Хаки и Фејзи Азири, двајцата осудени за помагање во случајот „Монструм“, ќе се најдат на слобода со новиот закон за амнестија на Кренар Лога, доколку законот помине во Собрание, известува ТВ 24.
Двоецот Азири е осуден на 9, односно на 15 години затвор за помагање по ликвидацијата на четири момчиња и еден возрасен човек кај Смилковското езеро, но со законот кој што го протурка во Влада министерот за правда Лога, а премиерот Димитар Ковачевски тврдеше дека тоa е само за осудени за полесни кривични дела, ќе излезат на слобода.
ТВ 24 дојде до дел од листата на осуденици кои ќе го напуштат Идризово доколку помине во Собрание законот за амнестија, на неа го има Хаки Азири, но адвокатот на Фејзи Азири, Насер Рауфи тврди дека и тој апсолутно излегува од Идризово.
– Не само што очекувам, туку сум сигурен дека ќе излезат, дека ги опфаќа законот за амнестија, бидејќи тие се осудени, иако морам да кажам незаконски со фалсификувано вештачење и на кривични дела на помагање на сторител по извршувањето на кривичното дело, што значи дека има сосема друга правна квалификација. Затоа за таквите дела е предвидена амнестија. – вели Рауфи.
Според Рауфи, двоецот Азири по автоматизам треба да излезе, но доколку има како што вели проблеми, адвокатите ќе интервенираат.
– Очекуваме целосно ослободување, бидејќи опфаќа една третина од таа предвидена казна, чинам дека и Фејзи Азири со 15 години ќе излезе веднаш, а за Хаки Азири кој е осуден на 9 години има и повеќе од што треба за издржување со законот за амнестија. – вели Рауфи.
Освен двоецот Азири, корист законот ќе има и Сеад Кочан осудениот за случајот „Трансмет“, кој веќе доби намалување на казната, откако екс пратеникот и актуелен амбасадор во Црна Гора Зекир Рамчиловиќ гласаше за промена на уставното име. На истата се Карлито Bриганде осуденик за учество во ИСИС, Горан Смилевски за грабеж, као и извесни Беким Рама, Енсер Сулејмани, Есат Даути. Дел од нив, според изворите на ТВ 24 роднини на актуелни функционери.
ТВ 24 побара официјален став од министерството за правда, кој се ќе добие карта од еден правец надвор од Идризово, но оттаму велат немаат список и тоа е работа на управата за санкции. И оттaму без никакvi конкретни имиња само велат дека според нивните анализи во моментов 2.114 осуденици издржуваат затворска казна, додека 2.813 чекаат да влезат во затвор, а допрва се анализира од 2.813 осудени кои чекаат на извршување на казната, колкумина ќе бидат целосно ослободени, а на колкумина ќе им се намалат казните.
Лога вчера се пофали дека законот е комплетно безбеден и дека е само поради ослободување на затворите и дека со него нема амнестија на осуденици за тешки дела. На истиот став беше и премиерот Ковачевски.
Законот за амнестија отако го најави Лога го следат драми меѓу коалициските партнери во Владата, а Лога се закани и со оставка откако законот минатата недела не доби зелено светло и беше условен со додополнително усогласување. Според најавите од Собранието, против законот се и дел од пратениците на СДСМ.