Српскиот претседател гостувајќи синоќа на РТС го негираше учеството на државата Србија во вооружената пресметка во Бањска, додавајќи дека вооружената група Срби, за него, никогаш нема да бидат терористи, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ кажа дека „не знае што таа група сакала“, но и дека „веќе година дена има информации дека луѓето на Косово се подготвуваат на отпор.
-Момците убиени во Бањска за мене како претседател на Србија никогаш нема да бидат терористи. Тоа се семејни луѓе и ќе бараме да ни покажат слики како се случило убиството… Тие поставуваа барикади, а не стапици поради теророт на Курти. Полицаецот бил ранет со експлозив, по што почнало пукањето. Ова не ја објаснува природата на работата, но ја објаснува информацијата, кажа Вучиќ.
Тој додаде дека нема оправдување за убиениот косовски полицаец, но и дека тој немал право да биде на северно Косово.
Говорејќи за Милан Радоичиќ, кој од Косово е означен како лидер на вооружената група, Вучиќ кажа дека тој се наоѓа во Србија и дека ќе одговори на повикот на српските државни органи, да одговори дали учествувал во вооружената пресметка.
Српскиот претседател го обвини косовскиот премиер Албин Курти, дека со постојаните провокации, апсења и терор на Косово, е главен виновник за настаната ситуација.
На прашањето дали Србите на Косово ќе бидат принудени да направат некакво движење за самоодбрана, Вучиќ рече дека „ги моли како Господ“ да се обидат на мирен начин да го добијат она што им припаѓа“.
– Да пробаме сè на мирен начин, последна опција нека биде дека треба да ги заштитиме животите на нашиот народ, но мирот е наш интерес, ги повикувам на него, го барам тоа од нив, рече Вучиќ.
Поради реакциите на меѓународната јавност за дененешниот Ден на Жалост во Србија, Вучиќ објасни дека тој е за сите настрадани во пресмеетката, и за тројцата загината срби, но и за убиениот албански полицаец.
Говрејќи за принципите на меѓународната јавност и европската перспектива, Вучиќ направи паралела со вооружената пресметка во Куманово во 2015 година, како тогаш на Косово се организирал државна комеморација за загинатите Албанци, подигнат е споменик за еден од нив, на што меѓународната јавност не реагирала.