Продолжува незадоволството на пензионерите, кое почна пред неколку месеци по зголемувањетио на платите на „избраните во државата“ за 78 отсто. Незадоволството расте и по последното покачување на пензиите од 5,3 отсто, а беше најавено зголемување од 6,8 проценти. Револтот уште повеќе сезголемува со најавата дека од почетокот на идната година ќе има ново покачување на платите на тие што добија 78 отсто повисоки годинава.

Денеска блокада на влезот и излезот на Неготино откај Гевгелија, поставија пензионери кои со мирен протест бараат повисок стандард.

– Бараме линеарно покачување на пензиите од по пет илјади денари, минималната пензија да биде 18 илјади денари. Бараме поголеми права и подостоинствен живот, рекоа пензионери на протестот.

Сообраќајот го регулираше полицијата, а возилата беа пренасочувани кон алтернативни улици во градот. Пензионерите ги пропуштаа итните случаи, а други за Скопје и Гевгелија одеа преку Кавадарци.