Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека е невозможно да се воведат санкции кон Србија и дека барањето на Приштина е „смешно“.

Тој на новинарите пред неформалниот состанок на Советот на Европската унија во Гранада изјави дека Србите веќе две години трпат провокации и дека Косово не смее да ја провоцира Србија.

„Без Србија нема стабилност на Балканот. Се залагам да и се помогне на Србија да го стабилизира регионот“, рече Орбан. пренесува Танјуг РС

Орбан смета дека на лидерската средба во Гранада ќе треба да се разговара за голем број важни работи и дека е потребен стратешки план за проширување на ЕУ.

Тој пред почетокот на состанокот на лидерите на ЕУ во Гранада им рече на новинарите дека ако сакате сериозно да зборувате за членството на Украина, потребен е стратешки документ, а тоа досега не е видено.

„Треба да знаеме зошто е важно ЕУ да ја интегрира Украина и кои се последиците од тоа, пред се безбедноста. Тоа е земја во војна, никогаш не сме го правеле ова со земја во војна, има многу прашања што треба да разговараат стратешки“, рече тој.

На прашањето за санкциите против Азербејџан, Орбан рече дека тоа е голема земја без која нема енергетска независност. „Ако сакате независност од руската енергија, Азербејџан ни е неопходен. Тоа е стратешки важна земја“, рече Орбан, пренесува Танјуг рс.