Владимир Малов, извршен секретар на партијата Единствена Русија почина од повредите здобиени во експлозијата на автомобил утринава во областа Херсон, потврди Владимир Салдо, рускиот гувернер на окупираната област.

„Денеска околу 09:30 часот се случи експлозија на автомобил во градот Нова Каховка. Во болница во тешка состојба е пренесен извршниот секретар на локалната секција Владимир Малов, роден 1957 година. Околностите на инцидентот се утврдуваат“, објави претходно рускиот претставник Игор Кастјукевич, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

Салдо на својот канал Телеграм напиша дека инцидентот е терористички напад.

Тој истакна дека на местото на настанот работат итните служби и полицијата.

„Злосторството ќе биде расчистено, а сторителите ќе одговараат“, нагласи тој.