Лидерска средба може да има, рече потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, но само за една тема, уставни измени, како стратешко и геополитичко движење за иднината на државата.
-Дури би предложил уште една тема за разговор на лидерската средба, кое од поглавјата прво ќе ги отвориме заедно за да се придвижи државата напред, рече Битиќи во гостувањето во Клик плус на ТВ 21.
Вицепремиерот е сигурен дека ќе се усвојат уставните измени. Тој дури смета дека има пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои во последен момент ќе разберат дали треба да го слушаат својот лидер Христијан Мицкоски или да размислуваат за иднината на државата и нивните деца.
-Убеден сум дека во Собранието има 8 мажи и жени кои ќе направат 2/3, вели Битиќи.
Следната година ќе се одржат и претседателските избори, додека Битиќи не ја исклучува можноста за кандидатура.
-Секоја лидерска позиција во оваа земја ја гледам како личен предизвик и не ја одбивам, доколку политичките околности налагаат такво нешто, рече Битиќи.
Што се однесува до евентуалното враќање на Груевски, според Битиќи, тој може да се врати само со прифаќање на делата што ги направил и да биде казнет за тоа.