Ед Ширан минатата година издвојувал 158.917 фунти неделно на име данок.
Заработката на британскиот музичар, чија нето-вредност е проценета на 250 милиони фунти, порасна за 8,4 милиони фунти, на неверојатни 18,3 милиони фунти, но најголемиот дел од тоа го потрошил за плаќање данок, според весникот „Дејли мирор“.
Глобалната мегаѕвезда во 2022 година оствари промет од 23,6 милиони фунти, а профитот изнесуваше 16,3 милиони фунти.
„Ед Ширан лимитид“ (Ed Sheeran Ltd) ќе плати 3,1 милион фунти корпорациски данок, а неговата туристичка компанија ќе плати пет милиони фунти.
Добитникот на „Греми“ има и имотно портфолио и ќе плати 124.000 фунти во државната каса.
32-годишниот музичар претходно говореше за своето неверојатно богатство и инсистира дека секогаш сака да враќа или да подарува.
Минатата година Ед донира речиси еден милион фунти за да им помогне на децата да научат музика.
Младиот човек од врвот на топ-листата донира речиси 500.000 фунти во текот на изминатите пет години преку својата фондација „Фремлингам траст“ (Framlingham Foundation Trust) и добротворната иницијатива Ed Sheeran Suffolk Music Foundation – или ESSMF), а сличен износ беше наменет за младите на кои им се потребни средства за инструменти, концерти и простори за проби.
„Ед никогаш не ги заборави својата битка да го достигне врвот и влијанието на музиката врз неговиот живот. Фантастично е што помага на овој начин“, извор изјави за весникот „Сандеј мирор“ во една пригода.
Фондацијата на Ед исто така плати за опрема во одделот за музика на старото училиште во кое учеле тој и неговата сопруга Чери, училиштето „Томас Милс“ во Фрамлингем, Сафолк, при што објектот доби 30.000 фунти за таа цел.