17 ден од израелско палестинската војна, ама тоа не значи ништо, оти но може да трае со месеци, истакна министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант. Тој нагласува дека по оваа војна нема веќе да постои Хамас.
Израел рано утрово го гранатираше Либан, соседната земја од каде што дејствува Хезболах. Ракети на израелската армија погдоија цели на југот од Либан каде што се сместени војниците на Хезболах. Во Газа пак изминатото деноноќие биле погодени дури 320 цели, а палестинските власти информираат за голем број жртви и повредени.
Израелски авиони нападна две ќелии на Хезболах во Либан, кои планираа да лансираат противтенковски ракети и ракети кон Израел, соопшти израелската војска, додека борбите се разгореа на заедничката граница на двете земји.
Хезболах соопшти дека еден од нивните борци е убиен, без да наведе детали.
Во меѓувреме, во Газа преку Египет влезе нов конвој со хуманитарна помош за цивилното население.