Со СДС скопјани од денес ќе плаќаат за 150 денари поскапо парно, а цената на гасот на берзите е скоро 3 пати помала од лани, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение целото соопштение:
Фрапантно е објаснувањето на властите ЕСМ и РКЕ кои тврдат дека поскапувањето на парното е заради зголемените цени на гасот. Лага е дека гасот е поскап, веќе 9 месеци наназад, со завршување на грејната сезона 2022/2023 цената на гасот се стабилизираше на околу 50 евра за мегават, односно 550 евра за 1000 нормални метри кубни.
Гасот денес е за три пати поефтин од лани, но не и парното за скопјани. Каде одат парите и по која цена ЕСМ купува енергенси?
Криминогеноста на власта удира по џебот на граѓаните, народот е се посиромашен, и со секој ден повеќе СДС и ДУИ дополнително осиромашува.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ