Застаре обвинението за „Траекторја“ против поранешниот премиер Никола Груевски и министерот за транспорт, Миле Јанакиевски, за кинеските автопати Миладиновци-Штип и Кирчово-Охрид. Јавното обвинителство го повлече обвинението поради апсолутна застареност. Судот одлучи да го прекине судењето. Овие одлуки се резултат на измените во Кривичниот законик.

„Земајќи го предвид предлогот на Јавното обвинителство и измените во Кривичниот законик, Судот донесе одлука за укинување на кривичното гонење против обвинетите Владимир Пешевски, Миле Јанакиевски, Љупчо Георгиевски по кривичното дело „злоупотреба на службена должност“ . Се укинува и кривичното гонење против обвинетиот Никола Груевски по кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, рече Илија Трпков, судија.