Една од причините за сегашниот низок рејтинг на СДСМ е бидејќи не го реализираше своето ветување од 2016 година, кога тогашниот лидер на партија Зоран Заев рече дека нема да влезе во коалиција со „криминалците и бандите“ од ДУИ, вели пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во неделното интервју на РСЕ.

Николоски вели дека после изборите „една работа е сигурна, а тоа е дека Влада со ДУИ нема да има.“

– Тоа се празни приказни, година и пол трае оваа приказна. Уставни измени под бугарски диктат нема и нема да има, така што ова е затворено прашање, одговара Николоски на прашањето од РСЕ „власта најавува дека до крајот на годинава ќе се донесат уставните измени и ако се остварат нивните најави дека за уставните измени ќе гласаат дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, дали раководството на партијата ќе поднесе оставка, како што најави за себе и лидерот Христијан Мицкоски“?

Целото интервју на РСЕ може да се отвори ТУКА.