Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

На дневен ред на оваа нова седница е една единствена точка – Утврдување предлог за избор на судија на Уставниот суд на Република Македонија.

Предлогот за нов уставен судија е поради испразнето место на судијата Јован Јосифовски чиј мандат истече во јануари 2022 година.

Фото: МИА Архива