Купен пред седум години, а сега допрва чека да го види светлото на денот. Лоциран е во овој таканаречен „Бункер“ во болницата, а овде пациентите ќе добиваат третман според современи и модерни методи.

Инсталацијата на новиот акцелератор на Клиниката за онкологија веќе трае, а ќе профункционира најдоцна во јануари.

Со тоа, Онкологија ќе има на располагање четири акцелератори кои ќе бидат наменети за потребите на тешко болните пациенти.

Дополнително, се работи на повторна интеграција и на КАТО-системот, но за тоа ќе се почека.

„За три месеци ќе проработи акцелераторот, а за като-системот одблизу и со претставниците на компанијата имавме неколку онлајн состаноци и тие не уверуваат дека во јуни ќе може да почне со функционирање системот. Затоа што знаете дека кога првпат почнал системот тогаш имало и кадри. Тие кадри веќе не се во клиниката, и ние веќе работиме на тоа да оспособиме кадри“ вели министерот за здравство, Фатмир Меџити.