Секој земјоделец е важен и преку конкретни мерки и политики што секојдневно ги носиме, со дело покажавме дека сме искрен партнер и водиме грижа за секој земјоделец, истакна на трибината во Струмица „Македонското земјоделство на европскиот пат“, членот на ЦО на СДСМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
– Земјоделците денес најдобро знаат која е разликата меѓу СДСМ и ВМРО. Знаат како беше во времето на ДПМНЕ, но знаат како е и денес кога СДСМ ја води државата. Со еден потпис, во еден ден, со едно решение, исплата кон сите земјоделци, кои исполнуваат услови. Без селекција, без списоци, без притисоци. Бидејќи за нас земјоделецот е важен. Бидејќи за нас секој човек е важен и почитуван. За разлика од нив кој немаат ни почит кон никого и ништо, ниту пак чуле некогаш за тоа, истакна Николовски.
Тој натаму додава дека „од 2017 година до денес, Министерството за земјоделство работи транспарентно и отворено“.
– Постојано сме на терен, диреткно од земјоделците ги слушаме проблемите и заедно со нивна директна вклученост ги носиме и ги креираме мерките, а така креираните мерки докажано даваат резултати, вели Николовски.
За нас, додаде Николовски, зборот е збор.
– Рековме дека оваа 2023 година ќе биде година на надеж, на развој, на нови почетоци и тоа го направивме. Подготвивме повеќе нови мерки насочени директно кон земјоделците чија основна дејност им е земјоделието, вели министерот Николовски.
СДСМ, додава тој, ги враќа парите назад кај граѓаните.