Илија ДИМОВСКИ
Југославија не ја создаде Македонија…
Таа постоеше и пред неа, а веќе постои и долго после неа…
(по повод 29 ноември)
Македонија даде вкупно над 44.000 жртви во Втората светска војна.
24.000 од Република Македонија и над
20.000 од Егејска Македонија и Пиринска Македонија.
Туѓа војска не гинеше за слобода на Македонија.
Наша војска гинеше за ослободување на Србија и Хрватска.
Наши животи беа положени за Југославија, а не беа положени југословенски животи за Македонија.
Движењето имаше национал-ослободителен карактер, а АСНОМ беше собрание на целокупниот македонски народ и други народности, од Македонија (имаше делегати од сите делови на Македонија), но за жал, делумно и поради југословенски,
а целосно заради подоцнежни идеолошки причини, не се постигна целосно ослободување на македонскиот народ и Македонија.
Четите носеа имиња на загинатите војводи.
Живите војводи и комити беа дела од партизанските чети.
Имавме свој, наш македонски Генералштаб на Народно Ослободителната Војска и партизанските одреди на Македонија (ГШ на НОВ и ПОМ).
Македонското движење не беше идеолошко (комунистичко, левичарско, коминтерновско), беше народно и ослободително.
На 29 Ноември ние Македонците не учествуваме.
Нереализирањето на македонскиот сон за целосно ослободување на Македонија, подоцна, после превратот во 1945/46 од страна на КПЈ, со живот и слобода го платија илјадници Македонци по затворите во Идризово, Отешево,… меѓу кои и првиот Претседател и скоро целиот состав на Президиумот на АСНОМ.
Видете ги документите на АСНОМ (Манифестот, Прогласот, декларациите и решенијата), видете го списокот на делегати, видете го составот на Президиумот на АСНОМ (практично првата Влада на Македонија), видете ги знамињата позади говорницата (и руско, но и британско и америчко).
Затоа, доволно време помина за да научиме:
САМИ СИ ЈА СОЗДАДОВМЕ ДРЖАВАТА!
НИКОЈ НЕ НИ ЈА ПОДАРИ!
Да живее Македонија!
Да живее идејата за слобода на Македонија!