Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“.
Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а било удрено од возило марка „Фолксфаген пасат“.
Девојчето со итна помош е однесено во Ургентен центар, но не е во животнозагрозувачка состојба. Кај неа биле констатирани повреди на коските на лицето, и по ко консултации со неврохирург се очекува да биде оперирана на Клиниката за максиофацијална хирурургија.
Повеќе детали за сообраќајната несреќа се очекуваат по завршувањето на полицискиот увид..