Зголемен е протокот на патници на северната граница, најфрекфентни премини се Табановце и Долно Блаце, кажа министерот за внатрешни работи Олиивер Спасовски на денесшната средба со раководството на РЦ Север во секторот за внатрешни работи Куманово. Во изјавата за медиумите, Спасовски посочи дека зголемен проток на патници на северната граница за 14,4 проценти, дека има намалување на обидите за илегална миграција за 40,8 остто, како и дека зголемена е ефикасноста за 66,7 проценти при откривање на криумчарење мигранти.

Во периодот јануари – ноември 2023 година, протокот на патници на северната граница изнесува околу 13 милиони лица, што претставува тренд на зголемување во однос на лани за 14,4 осто, а најфреквентни гранични премини се Табановце и Долно Блаце.

– Во однос на кривичните дела, Регионалниот центар за гранични работи Север во изминатиот период бележи зголемување на откриените кривични дела во врска со фалсификувани документи за 19 проценти, меѓу кои десет случаи на фалсификувано возило, како и 15 кои се предмет на потрага по барање на Интерпол, истакна Спасовски.

Министерот нагласи дека продолжува генералниот тренд на намалување на притисокот на нелегалната миграција, што се забележува и на северната граница, каде имало намалување на обидите за 40,8 проценти, а има зголемување на ефикасноста во врска со откриените случаи на криумчарење на мигранти за 66,7 проценти.

– Во однос на лани се бележи тренд на зголемување на откриената и одземена дрвна маса која потекнува од нелегална сеча на дрва за 10,4 проценти, со одземени над 100 кубици огревно дрво, но и генерално зголемување на откриените случаи на прекуграничен криминал за 4,5 отсто рече Спасовски. Во врска со прекуграничната соработка помеѓу органите на нашата граничната полиција со колегите од Р. Србија и Р. Косово, министерот Спасовски истакна дека таа е согласно договорената динамика, при што во изминатиот период биле реализирани 191 заедничка патрола.

Фото: МВР