По кратко боледување денеска почина новинарот Предраг Димитровски (1959-2023), информираа од „Пресинг ТВ“ каде последно работеше.
Димитровски беше новинар со над 30 годино искуство. Беше главен уредник во весникот „Вечер“ од 2005-2006 година, а потоа работеше и во Дневник. Последните години од работниот век ги помина во Република и Пресинг ТВ.
– Ќе ја паметиме неговата посветеност кон работата, неговата принципиелност, лојалност. Посветуваше внимание на секоја буква во негоават реченица, го одмеруваше секој напишан збор, внимаваше на најситниот детаљ. Го нарекувавме жива енциклопедија. Во глава ги имаше сите информации, сите датуми, сите податоци од поблиската и подалечна историја, се вели во објавата на Пресинг ТВ.
Замина еден од доајените на македонското новинарство. Пепи не напушти денеска по кратко боледување, оставајќи не во шок и неверување. Ќе ја паметиме неговата посветеност кон работата, неговата принципиелност, лојалност. Посветуваше внимание на секоја буква во негоават реченица, го одмеруваше секој напишан збор, внимаваше на најситниот детаљ. Го нарекувавме жива енциклопедија. Во глава ги имаше сите информации, сите датуми, сите податоци од поблиската и подалечна историја.
Пепи беше колега со кој беше задоволство да се работи. Смирен, умерен, колегијален. Никогаш не се наметнуваше, иако со себе носеше години и години искуство и знаење. Помладите колеги можеа да учат од него што значи да се биде новинар, колега, но пред сѐ човек. Смислата за хумор, шегите на своја сметка, расположението за дружење и добар муабет, посветеноста кон работата, но пред сѐ кон семејството беа само дел од епитетите кои го красеа како личност.
Неговата лавовска борба не го напушти до самиот крај. За жал, после многу победи во животот, последната ја загуби… Замина… Но останаа неговите колумни, неговите анализи, неговите авторски дела кои ќе сведочат за она за кое Димитровски се залагаше, притоа покажувајќи што значи да се сака и да се биде посветен на сопствената земја. Неговите дела остануваат, а преку нив долго ќе се споменува неговото име.
Димитровски е новинар со над 30 години искуство во новинарството. Беше главен уредник во весникот „Вечер“ од 2005 до 2006 година, а потоа работеше и во дневниот весник „Дневник“. Беше и во Лустрациската комисија и одговорен за односи со јавност.
Последните години од работниот век ги помина во „Република“, каде што специјалност му беа теми позврзани со односите со Бугарија. Неговите колумни предизвикуваа големо влијание и беа едни од најчитаните. Посебно беше горд на биографијата на Павел Шатев, на која активно работеше.
Димитровски е добитник на наградата за долгогодишен придонес за професионално известување во професијата од МАН.