Околу 600 деца ќе учестуваат на Бадниковата поворка, што в сабота ќе се одржи низ струшките улици, информира Лидија Николовска од организацискиот одбор.
Последната проба, додаде, ќе биде утре во црквата „Свети Ѓорѓи“, од каде е предвидено тргнување на поворката за Бадник.
– Да се собереме сите и да тргнеме низ струшките улици. Нека ечи градот од детските грла со песната „Вечниот Бог“. После поворката, ќе се собереме во дворот на црквата, да си поделиме пакетчиња, да се дружиме и да уживаме во Бадниковата закуска. Ги замолувам сите учесници во поворката за достоинствено однесување. Родителите да се движат позади поворката затоа што симболиката е најмладите да го навестат Христовото раѓање, изјави Николовска.
Со учеството во Бадниковата поворка, според неа, дечињата добиваат Божји благослов.
Фото: МИА