Активистот на ВМРО-ДПМНЕ од Дебар, Леон Мерсовски, муслиман во вероисповед, реагира на реакцијата на екс премиерот Љубчо Георгиевски кому му пречат коледарските огнови за Бадник со кои православните Македонци традиционално ги слават Божикните празници.

За Мерсовски е неприфатливо тоа што Георгиевски молчи за гревовите што се прават и за празниците кои не се македонски, а води кампања против тоа што ги зближува Македонците.

– Славење ден на вештерки, правење милион гревови во текот на цела година ништо не ти сметаше, ама оваа те погоди в срце, ке се изедеш…
Муслиман сум и не сакам да навлегувам дали е христијански или не палењето огнови, луѓето се собираат во името на големиот празник и тоа им служи како зближување. Ако сметаш дека не треба тогаш не оди и тоа е тоа, остај ги кој сака што сака да прави не коментирај. И нека се вечни и среќни бадниковите и божикните празници и сите православни христијани да се здрави и живи! А од Македонец не бидува туркомонголин, Татар, Гагауз и Черкез. Тоа запомнете го господине Љубчо Георгиевски, му пишува Мерсовски на екс премиерот и почесен претседател на ВМРО-НП.

Оваа реакција на Мерсовски, како што пренесе Експрес, доаѓа откако Георгиевски се приклучи на тие на кои им пречат коледарските огнови:

– Пред трисет години само во Мичурин се палеше оган. Дури и се сеќавам кога прв пат почнаа со огнот. Денес цело Скопје гори. Го девалвираме Скопје како главен град. Се девалвираме како урбана средина, како народ. Српската окупација ни ја донесе оваа традиција. Само што Белград не гори, отидоа напред, а ние уште сме таму каде не оставија, напиша Георгиевски во една од своите објави, со која индиректно сака да каже дека „во Македонија се слават српски традиции“.

Но, Георгиевски треба да објасни зошто огонови за Бадник се палат и кај Македонците во Егејска Македонија иако таа никогаш не била под српска окупација или српско влијание?