Грчкиот писател и поет Стратис Миривилис (1890-1969) бил учесник во воените операции во Првата светска војна кога бил респореден на Македонскиот (наречен и Солунски) фронт. Бил ранет, па Командата на грчката војска го смеcтила во куќата на едно македонско семејство додека тој закрепнува.
Миривилис подоцна ги запишал своите искуства од тоа време во книгата „Живот во Гроб“ издадена во 1924 година. Тој сведочи дека Македонците јасно кажувале дека не се ниту Срби, ни Бугари, ни Грци, туку православни Македонци со свој јазик. Грчкиот писател пишува:
„Ова се селаните чијшто јазик е сличен со оној на Бугарите и Србите. Тие не ги сакаат првите бидејќи им ги земаат децата во армијата, а вторите пак, се омразени поради нивниот лош однос кон нив како кон „Бугари“. Тие всушност покажауваат симпатии кон нас Грците, бидејќи ние сме вистински духовни претставници на Православниот патријарх во Константинопол… Сепак, тие наведуваат дека не се ниту Булгари (Бугари), ниту „сррп“ (Срби), ниту „грцс“ (Грци), туку православни Македонци“.
Книгата „Живот во гроб“ е едно од најуспешните и најчитаните грчки дела, преведено на десетина јазици. Напишана е во вид полу-автобиографска новела во која грчки наредник го опишува животот за време на Првата светска војна.
Во подоцнежни изданија на книгата во 1930-тите години, реченицата којашто ги издвојува Македонците како посебен народ била исфрлена.
За време на монархо-фашистичката диктатура на Јоанис Метаксас во Грција, кога македонскиот јазик бил строго забранет, и германската окупација во Втората светска војна, книгата била ставена на листата цензурирани дела.
ИЗВОР: Στράτης Μυριβήλης, “Η ζωή εν τάφω,” Αθήνα 1991, 104-105.