Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва донесе одлука партијата да учествува во техничката влада, очекуваме таква одлука да донесе и Централниот комитет, изјави потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски по седницата на партискиот Извршен комитет. Причината за ваквата одлука е што никогаш во Македонија не било полошо, нагласи тој.

-Македонија се наоѓа во тешка ситуација. Од криминал, преку корупција, до партизација. Нема нерегуларност која не е направена од страна на власта. СДСМ и ДУИ кои се ромовираат во европски фронт, се на сериозен пат да ја уништат европската иднина на Македонија. Ковачевски и Ахмети вршат влијание и врз судството и врз ЈО. Институциите се користат како алатки за тендери, а МВР е партнер на криминал. Со ваква власт Македонија е се подалеку од ЕУ. Поради сите овие причини, ИК на ВМРО-ДПМНЕ зазеде став да се воздржи од гласањето на техниччката влада, која под водство на Талат Џафери нема никаков легитимитет. ИК ги избра и делагтите за конвенцијата за избор на претседателски кандидат кои ќе бидат 475 лица. ИК донесе одлука и за формирање комисија за преговори со актуелните колаициски партнери, но и сите други партии кои би биле дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ – истакна Муцунски.

Македонија се наоѓа во таква лоша ситуација што нема нерегуларност која што не е направена од страна на власта, нагласи Муцунски и додаде дека одлуката за учество во техничката влада ќе значи и именување на партиски лица за функциите во таа влада кои ќе ја надгледуваат регуларноста во предизборниот период.

Муцунски истакна дека ИК на ВМРО-ДПМНЕ го овластил претседателот Мицкоски да ги одбере кадрите кои ќе бидат дел од техничката влада.

Што се однесува до состојбата со вадење лични документи, Муцунски истакна дека со оглед на акутната криза која се однесува на издавањето на пасошите, каде се гледа и актуелната неспособност на власта, ИК донесе одлука за поднесување на иницијатива до Уставниот суд која е поврзана со законите поврзани со промената на личните документи. Оваа состојба е голем срам за државата, за Спасовски и Ковачевски кои директно се виновни за фактот што под примитивни услови и на ваков недостоинствен начин се обезбедуваат личните документи, рече Муцунски.