На 16.01.2024 година (вторник) претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски ќе ја посети општина Шуто Оризари.

Во 11:00 часот премиерот Ковачевски ќе присуствува и ќе има свое обраќање на потпишување на договор помеѓу УНДП и општина Шуто Оризари, за изградба на Ресурсен Центар за повратници и други ранливи категории на граѓани, кој ќе биде прв од ваков вид кај нас.

Настанот ќе се одржи во зградата на општината.