Ниту едно лице не ја преживеа денешната авионска несреќа во руската погранична област Белгород, соопштија локалните власти.
Авионот превезуваше 65 украински заробеници, шест члена на екипажот и тројца придружници.
– Загинаа сите кои беа во авионот, објави гувернерот на Белгородската Област на Телеграм.
Рускиот воен транспортен авион Ил-76 со 65 украински воени заробеници, шест членови на екипажот и тројца придружници се урна денеска во областа Белгород, на околу 50 километри од границата со Украина, соопшти претходно руското Министерство за одбрана.
Русија ја обвинија Украина за соборувањето на авионот. Според руските власти, авионот превезувал украински воени заробеници во таа погранична област, за претстојната размена на заробеници. ми/
фото: Икс