Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска престојува во Република Македонија, на свеченоста на Академијата за Свети Сава во Скопје.
– Приказната за Свети Сава може да се сумира во еден збор – избор. И денес нашиот пат зависи од изборот – дали ние како народ ќе избереме слобода или туѓа тиранија, власт над нас, независност или вазалство, суверенитет или потчинување. Нашата земја не е во лесна ситуација, но без разлика на тежината на предизвиците, нашата Србија го избра патот на слободата, патот на суверенитетот и независноста, објави Вучиќ на својот профил на Фејсбук.
На свечената академија во Македонскиот народен театар присуствуваа престваници на власта и опозицијата во Македонија, како и преставници на Србите во Македонија и други гости.