Ново избраниот премиер Талат Џафери веднаш по неговиот избор се упати во ТВ студио каде го даде и првото телевизиско интервју како премиер на Македонија. Неговата партија 28-ми јануари го слави како историски ден.
Голем број на реакции на друштвените мрежи од новинари поради таквата постапка на Талат Џафери. Според пишувањата, тој дал ТВ интервју пред двајца новинари едниот од Косово другиот од Албанија.
И неговиот прв денешен говор беше на албански јазик, а потоа на македонски јазик, за што исто така имаше забелешки.
Голем број на медиуми од Косово и Албанија денеска беа присутни и во зградата на Собранието, при што преку директни отворени студија ја пренесуваа сликата од изборот на првиот премиер Албанец во Македонија.